Синоќа во 21 часот на улица „Теодосија Паунов“ во Кочани, возило „БМВ“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.С.(36) од Кочани, удрило во пешакот Ј.С.(52) од село Оризари, кочанско.

Несреќата е предизвикана на пешачки премин од страна на синот на заменик градоначалникот на Општина Кочани, Благој Ситновски.

Со тешки телесни повреди се здобила Ј.С. и била пренесена во Јавната здравствена установа во Кочани.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од полициската станица Кочани.

2,056

Најчитани вести