Џесика Мемишовска се удавила во базенот Довеџик кај Битола обидувајќи се да ја спаси својата 12-годишна братучетка, со која заедно се капеле, раскажуваат роднините на девојчето. Џесика знаела по малку да плива, а со нив имало и други деца, сите од битолската дива населба Картон Маало, која се наоѓа во близина на базенот пишува сдк.мк.

„Тие се капеле, како што ми кажуваше ќерка ми. Прво во вода рипнала Џесика, а по неа девојчето мое, Медина Камбер. Кога таа скокнала, почнала да тоне, да се дави. Џесика се спуштила да ја спаси братучетка ѝ, но при кревањето пропаднала, а моето девојче го извадија. Во тоа помогна и една друга жена која се најде таму, а имало и други капачи. Моето девојче почна да вика ‘братучетка ми е долу’ и потоа водата го исфрли телото на внуката“, рече Нехру Камбер, чичко на починатото девојче.

ИЗВОР sdk.mk

147
loading...

Најчитани вести