Министерството за внатрешни работи објави оглас за вработување на 600 полицајци за секторите за внатрешни работи во Скопје, Струмица, Охрид, Битола, Тетово, Велес, Штип и Куманово како и за Регионалните центри за гранични работи – Север, Запад, Југ и Исток.

Меѓу потребните услови кандидатите треба да го знаат македонскиот јазик и кирилското писмо, да имаат најмалку четиригодишно средно образование, да се повисоки од 175 сантиметри и друго.

Деталите за огласот се објавени на интернет страната на министерството.

1,980

Најчитани вести