Македонија според податоците на Евростат во 2017 година го држела третото место во Европа по број на вработени полицајци.

Земјава во 2017 година имала 522 полицајци на секои 100.000 свои жители.

А денеска Министерството за внатрешни работи објави нов конкурс на кој се бараат нови 600 полицајци во повеќе сектори во неколку градови.

Според Евростат најголемата „полициска држава“ во Европа е соседна Србија, а втора е Кипар, додека најмал број на полицајци брои Финска со 14 чувачи на редот на секои 100.000 жители.

Инаку Финска се вбројува и за една од најмирните земји во светот.

Извор:Фактор

356

Најчитани вести