Италијанската полиција соопшти дека во голема акција за разбивање на синџир на препродавачи на скапи предмети во покраината Торино, уапсени се тројца Хрвати. Се работи за две жени и маж, кои се во роднинска врска.

Во претресот на нивната куќа биле пронајдени голем број скапоцени предмети во вредност од околу 90.000 евра, а полицијата објавила и видео-снимка.

Меѓудругото биле најдени и 1700 евра готовина, неколку часовници „Ролекс“, „Картиер“ и „Булгари“ „Ивес“ итн.

Пронајдена е и виолина од 1713 година.

извор: Makfax

136

Најчитани вести