Индиските власти евакуираа речиси 300.000 луѓе од Западниот Брег поради многу силен циклон кој се очекува денеска. Индискиот метеоролошкиот завод наведува дека циклонот Вају, што на хинду јазикот значи ветер, би можел да ја погоди државата Гужарат, пред да се врати во Арапското Море.

Во Веравалу, во центарот на индиската рибарска индустрија, каде се очкуваше Вају да го погоди копното, силен ветер и дожд ја погодија плажата, а огромни бранови ги зафатија и рибарските бродови.

Ветрот со брзина и до 180 километри на час и тешките услови на море би можеле да траат и до 12 часа.

извор: Makfax

22

Најчитани вести