Денеска и утре целата земја ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, предупредува УХМР.

Комисијата за следење на состојбата и ефектите од високите температури, во рамки на Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се:

Заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот;
Носење светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината);

Консумирање лесна храна и течности, посебно да се внимава при подготовка и консумирање на храната, како и избегнување термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови;

Потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалоци;

При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;

Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории (пред сѐ климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;
На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија.

извор: Makfax

81

Најчитани вести