Наставникот Томе Постолов, вработен во ООУ “Крсте Петков Мисирков” во Радовиш, јавно им се извини на своите ученици и нивните родители што по сила на околностите, а против сопствената волја МОРАЛ да ги потпише свидетелствата за завршено основно образование со грдото име Република Северна Македонија, со што по автоматизам станал соучесник во злосторството против својата земја Република Македонија и против сопствениот народ.

Томе Постолов, наставник вработен во ООУ “Крсте Петков Мисирков” во Радовиш, јавно им се извини на своите ученици и нивните родители што по сила на околностите, а против сопствената волја МОРАЛ да ги потпише свидетелствата со „Северна„ Македонија.

Тој напиша дека неговата континуирана борба за спас на името на Македонија и за спас на сите атрибути кои ги имаше таа, очигледно не вродија со плод. Под  притисок од владејачката партија тој останал и без своето работно место.

Им се извинувам на сите ученици и на сите нивни родители, односно старатели што по сила на околностите, а против сопствената волја МОРАВ да ги потпишам свидетелствата за завршено основно образование со грдото име Република Северна Македонија, со што по автоматизам станав соучесник во злосторството против својата земја Република Македонија и против сопствениот народ.
Во иста ситуација се наоѓаат илјадници наставници и професори кои МОРААТ да го сторат истото, со што на индиректен начин,спротивно на нивната волја ја признаваат дивата „северна“творба ,која патем да спомнам е создадена на крајно нелигитимен начин од страна на актуелната влада, не прифаќајќи ги резултатите од референдумското изјаснување.
Мојата континуирана борба за спас на името на Македонија и за спас на сите атрибути кои ги имаше таа, очигледно не вродија со плод. Вложував силни напори и покрај огромниот притисок кој го имав од страна на власта со омаловажувања, шиканирања, вербална тортура, полициска посета дома и во училиштето, распит во полиција со привремено одземање на телефонот (и по 8 месеци се уште е таму),па до притисок од владејачката партија за одземање и на раб.место.
Сметам дека на крајот на оваа учебна година на илјаници и илјадници ученици во основното и во средното образование, како и на факултетите им се нанесува тежок удар со несогледливи последици по општиот национален нивен интерес во иднина.
Македонија ВЕЧНА!”

1
loading...

Најчитани вести