Журка без повод не е журка. А господинов има и тоа добар повод за славење. Па не е мала работа да се стане претседател на општинска организација на СДСМ во Шуто Оризари. Воопшто! Оваа титула заслужува општонароден собир, на плоштад, среде Шутка. Сите се добредојдени. Баш сите!  

„Почитувани пријатели, денес имам посебна чест да го споделам со Вас моето именување за претседател на општинската организација на СДСМ во Шуто Оризари од претседателот на СДСМ г-динот Зоран Заев
Оваа позиција за мене преставува чест и предизвик со голема желба и мотивација да ја водам општинската организација заедно со мојот тим, транспарентно и поштено. Со моето именување, посакуваме искрено да ги отвориме вратите на општинската организација на СДСМ-Шуто Оризари, за да може секој кој има визија да дојде и стане наш другар и партнер. Ќе се потрудиме за сите нас биде уште поубаво. Вратите се отворени за сите! Другарски поздрав!“, напишал на својот Фејсбук-профил новиот претседател Асан Ферат.

43

Најчитани вести