Од министерството за здравство, повикувајќи се на информации од Управата за хидрометеоролошки работи, предупредуваат дека во текот на следните два дена целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

Поради ваквите најави, Kомисијата за следење на состојбата и ефектите од високите температури, во рамки на Министерството за здравство, апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се:

– Заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот;
– Носење светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носење заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината);
– Консумирање лесна храна и течности, посебно да се внимава при подготовка и консумирање на храната, како и избегнување термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови;
– Потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци;
– При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;
– Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;
– На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести