Американскиот ланец за брза храна Бургер кинг ја осудил постапката на еден свој работник, откако видеото се појавило во јавноста, а кое станало вирално. Имено, жена која штотуку излегла од ресторанот го забележала како работникот ги чисти масите со истата крпа со која претходно го бришел подот. 

Кејт Дуран, која само неколку минути претходно вечерала во Бургер кинг рекла: „Штотуку јадев на оваа маса. Дали ова го правевте и вчера? Го правите ли ова секоја вечер?“

Од Бургер кинг реагирале со следнава порака: „Ова што се гледа во видеото е неприфатливо и не е во склад со стандардите на нашиот бренд или оперативни постапки. Имаме строги протоколи кога станува збор за чистотата и безбедноста на храната.“ 

4
loading...

Најчитани вести