Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, денеска од Брисел порача дека останува цврсто на ставот оти Северна Македонија треба заедно со Албанија да добие датум за отпочнување на преговорите во периодот јуни – јули.

Како што рече таа, ова ќе го препорача на сите министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, во текот на наредната недела.

„Република Северна Македонија е единствена во регионот која ги има затворено сите прашања со соседите, во која функционираат институциите и во која постои определба и волја и во која се работи на исполнување на реформските процеси“, посочи високата претставничка на Европската унија.

извор: Makfax

72

Најчитани вести