Најголемиот дел од месото кое луѓето ќе го консумираат во 2040 година нема да потекнува од животни кои се одгледуваат за колење и производство на месо.

Ова се наведува во научен извештај со кој се предвидува дека најмалку 60 проценти од месото ќе биде индустриски произведувано во големи резервоари односно ќе биде заменето со понуда базирана на растителни производи кои ќе имаат вкус и изглед на месо.

Извештајот го објави глобалната консултантска компанија AT Kearney и тоа врз основа на разултати добиени по пат на стручни интервјуа. Во него особено се нагласуваат тешките последици кои традиционалното производство на месо ги има врз животната средина, но исто така и грижата на луѓето за благосостојбата на животните.

„Месната индустрија денес многумина ја сметаат за непотребно зло. Придобивките од новите вегански замени за месо наспроти стандардното производство е само прашање на време кога ќе го преземат поголемиот дел од пазарот“, се наведува во извештајот.

Во последниве години голем број на студии укжуваат на негативните ефекти на месната индустрија врз животната средина – од штетните гасови до уништувањето на живеалиштата на животните, како и загадувањето на реките и океаните.

„Гардијан“ пишува дека компании како Beyond Meat, Impossible Foods и Just Foods користат состојки добиени од растенија за да направат речиси идентична замена за хамбургери, јајца и други производи. Во статијата на весникот се наведува и дека ваквата индустрија забрзано расте.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести