И оваа година за градските власти како да не е научена лекцијата од минатата година кога змии слободно шетаа по улиците на Скопје и ги плашеа граѓаните. Пред поволина час, денеска во населбата Центар минувачи снимиле змија долга еден метар. Истата според снимката се спушта од зелената површина на асвалт, а покрај неа минуваат и автомобили и граѓани. Читатели на „Република“ кои го испратија видеото велат дека останале затекнати од глетката, која се случила во близина на скопско Кале.

25
loading...

Најчитани вести