Каракачанов и неговите статови навистина не се некој критериум, нити сериозна политика но, кога минстерката за надворешни работи Захариева ќе изјави дека Гоце Делчев е Бугарин, и дека ако не го признаеме тоа нема што понатаму Софија да преговара со Скопје... тоа е веќе тежок национален и државен проблем за нас.

И Иван Илчев, член на комисијата за историја од Бугарија нагласува дека работата на заедничката комисија со Македонија е дојдена до критична фаза поради ликот и делото на Гоце Делчев.

Тој нагласува дека голем успех е што македонската страна признала оти Цар Самуил е дел од бугарската држава и оти е постигнато согласност дека Св, Климент и Св. Наум се испратени од бугарската држава и се хиротонисани во рамки на бугарската црква.

Тоа порано беше апсолутна ерес, смета Бугаринот. Се постигна согланост дека се неопходни промени, но какви ќе бидат тие видиме подоцна-објасни Илчев за „Dnevnik.bg“.

Тој жали што во договорот за пријателство со Бугарија нема инструмент со кои може да наложат одредени позиции. Но, Илчев е свесен дека од Берлин и Париз кои не ја разбираат ситуацијата нешто што ќе наложат тоа ќе мораат да го исполнат.

Точно е дека членството во ЕУ и НАТО е стратешка цел и на власта и на опозицијата, како и на мнозинството Македонци. Но, точно е и дека во тие асоцијации и унии треба да влезе држава Македонија и македонски народ, со свои обележја. Патот кој го фати Заев, на Грција да и се предаде името, а на Бугарија да и се предаде идентитетот, јазикот па дури и историјата е пат до самоуништување на нациајата, и тоа не е веќе дилема ни за експертите блиски до СДСМ кои и јавно се противат на бугарските намери за поништување на македонскиот јазик и историја.

Нациите на Балканот се создавале во 19. век, државите тогаш, и нешто подоцна по што Албнија (1913. кнежевство Албанија, граници утврдени во 1926) и Македонија (АСНОМ, август 1944) последни стекнале државност.  Оттогаш се менувале разни сојузи предводени од големите држави, се распаѓале и формирале нови но, нациите и државате - опстојувале. Сите народи знаеле дека територии се добиваат, губат и враќаат назад но, загубен национален идентитет е неповратен, а народот е осуден на ропство и асимилација до исчезнување.

Кому, по асимилација и исчезнување, меѓу Македонците му е важно дали таа територија е членка на Европската унија или не е?! Со прифаќање на грчкиот ултиматум, со двојазичноста дури и каде што нема Албанци и особено со предавање на Бугарите на македонскиот јазик и историја, нација Македонци - не постои. Кој смета дека е поинаку нека се обиде да го докаже спротивното, а тоа се докажува со политички, културни и историски маркери, точки од историја на постоење на нацијата, карактерот на идентитетот, називот и територијата која таа нација ја смета за своја матична татковина.

Или си Македонец, или си Бугарин, не постои заедничка нација. Ако не постои заедничка нација, не постои ни заеднички јазик, заедничка култура, заедничка историја. Во заедничкото доминира и асимилира поголемиот до исчезнување на помалиот. САД и Велика Британија имаа ист службен јазик, како што и Германците и Австријците имаат заеднички јазик, германски, но Австрија има неспорна територија, своја култура и историја. Србите и Хрватите, колку и да не им се допаѓа, говорат речиси ист јазик, но се друго им различно и неспорно и тоа ги прави да бидат нации со идентитет. Ние, за разлика од овие два примери, не зборуваме бугарски, а без своја историја, јазик и култура - сме Бугари или Албанци.

Не е само до Гоце Делчев, како историска личност, кој според Бугарите е Бугарин затоа што потекнува од тогашна (краткотрајно владеена) бугарска територија. Гоце Делчев е во македонската химна, симбол е на првиот чекор кон македонска државност - Илинденското востание, Бугарите написмено признаа дека е Македонец кога неговите посмртни останки се предадени на Скопје... Постои меѓународно признание за националниот македонски идентитет на Гоце Делчев кое никој до скоро не го спорел, а ние сега сами го продаваме и него и тапијата за сопственото постоење.

Кога на оваа земја нема да го имаме Гоце, државната химна, македонскиот јазик, името на македонската држава, македонската култура, националниот идентитет... прашањето е: кој народ живее на ова територија? Кој е стопанот кому како неидентификувана аморфна маса и малцинство ние служиме?

Заев за Илинденското востание

13 август 2018

Откако Зоран Заев неодамна во својата изјава рече дека Илинденското востание е македонско, сега веќе вели дека било и бугарско.

-Јас сум политичар кој што секогаш сака да внимава на изјавите кои не се во корист на нашата Македонија. Илинденското востание е Македонско, ако некој граѓанин од Бугарија сака да го чествува – нека го чествува. Јас сум горд што сум првиот премиер што го чествува Илинден како премиер што се поклонува пред гробот на Делчев, изјави Заев. (*Овој термин Македонија од Заев е употребуван пред референдумот и уставната промена на името потоа)

Но, по оваа изјава тој народски кажано беше „искаран“ од премиерот на Бугарија Бојко Борисов по што тој му се извини на бугарскиот народ, погазувајќи го својот.

Заев: Илинден е дел од заедничката историја, да го оставиме популизмот

Политичките интереси и голиот популизам да го оставиме сите на страна, изјави денеска Зоран Заев во врска со барањето на бугарскиот претседател Румен Радев кој вчера побара анекс на Договорот за добрососедство и извинување од македонски премиер.

„Апелирам сите заедно да ги тргнеме политичките интереси, голиот популизам или она што навистина не предизвикува да бидеме недоволно внимателни, затоа што договорот за пријателство соработка и добрососедство го потврди тоа преку нашите потписи таму, но треба тоа да го негуваме да го доградуваме“, изјави Заев.

На прашањето околу тоа чие е Илинденското востание премиерот вели:

Значи ние веќе одбележуваме дел од нашата заедничка историја. И тоа е дел од нашата заедничка историја“, пренесува „Телма“.

 

1

Најчитани вести