Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, согласно неговите овластувања, назначи 30 претседатели на општински организации на СДСМ, соопшти портпаролот на партијата, Костадин Костадинов. Половина од назначените се новоименувани.

Ова се имињата на новите претседатели на општинските организации:

1.Струга – Соња Стојкоска
2.Штип – Александар Кангалов
3.Ѓорче Петров – Александар Гиновски
4.Карпош – Марија Ѓоргиевска
5.Крива Паланка – Михаил Дејановски
6.Росоман – Ленче Стојанова
7.Свети Николе – Елизабета Јованчева
8.Кочани – Гоце Серафимов
9.Лозово – Антонио Ангелковиќ
10.Виница – Тони Велков
11.Пехчево – Славчо Пандурски
12.Брвеница – Даниел Антовски
13.Кратово – Горан Ковачевски
14.Шуто Оризари – Ферат Асан
15.Ново Село – Живко Георгиевски
16.Чашка – Горан Стојановски
17.Берово – Јован Матеничарски
18.Делчево – Влатко Величковски
19.Крушево – Трајче Калески
20.Ресен – Атанас Табаковски
21.Теарце – Лазар Ѓоргиевски
22.Куманово – Мартин Костовски
23.Ранковце – Христина Младеновска
24.Центар – Горан Герасимовски
25. Чучер Сандево – Ацо Ушковски
26. Богданци – Никола Страторов
27. Конче – Благој Илиев
28. Радовиш – Коле Чаракчиев
29. Дебар – Азем Фејзоски
30. Охрид – Лазе Таневски

Костадинов најави дека во наредните неколку денови ќе бидат назначени претседатели и локални раководства и во преостанатите општински организации, а ќе се заокружат и промените во централното раководство на партијата.

Тој кажа дека наскоро ќе следуваат сериозни промени и во централната власт, како и на директорски места на централно и локално ниво.

извор: Makfax

377

Најчитани вести