За доброто на граѓаните и Република Македонија метлата треба да заигра што поскоро и тоа да почне од Зоран Заев. СДСМ за морал и одговорност може да говори кога Зоран Заев ќе си замине од власта, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по прозивките на СДСМ, пратениците Вељановски, Димовски и Милошоски да си поднесат оставки.

„Заев да престане да се крие позади оставката на Богоевски. Оставката на Богоевски не го покрива фактот дека тој и неговиот ментор се најголеми криминалци.
„Едно евро за Вицето, едно евро за црквата” е симбол за корупцијата на Зоран Заев и оваа влада. Сите оние пари кои што ги има барано Зоран Заев по едно евро за неговиот брат е симбол како функционира Зоран Заев, како функционираше како градоначалник на Струмица и како функционира како претседател на Владата.

Местото на Заев не е во политиката. Неговото место единствено е во некоја казнено поправна установа, каде што ќе одговара за своите криминали по враќањето на правната држава. Кога Зоран Заев и неговата криминална банда ќе си заминат од политичката сцена Македонија ќе заблеска, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

извор: Makfax

2

Најчитани вести