По воведувањето на таксите од Приштина за производи кои доаѓаат од Србија, што предизвика голема немаштија кај Србите на Косово, Демократската партија на Србите во Македонија иницира акција за масовно купување на српски производи. Во прогласот стои:

Демократската партија на Србите во Македонија иницира масовно купување српски производи меѓу Србите и сите наши пријателски народи во Македонија, регионот и дијаспората за ублажување на последиците кои ги трпи српската економија, предизвикани од антицивилизациските даноци што ги воведе Приштина за стоки од централна Србија.
Ги покануваме сите Срби, како и сите луѓе со добра волја да се придружат!, стои во прогласот за акцијата на Демократската партија на Србите во Македонија.

1
loading...

Најчитани вести