Пејачот Бојан Тмовиќ напиша и отепеа многу хитови, а потоа преку ноќ го снема од сцената и не се појавува со години.

Сега Бојан е повторно актуелен во сите медиуми ширум регионот, но за жал не поради новите песни, туку поради признанието дека се повлекол од сцената поради хроничната, доживотна болест, наречена Биполарно пореметување.

Бојан е познат и по тоа што беше учесник во реалното шоу „Фарма“, но брзо бил дискфалификуван.

На прашањето дали би се вратил назад во некое реално шоу рекол:

Никогаш не вели никогаш, бидејќи кога кажав никогаш, животот брз ме демантираше, така што, ако влезам повторно во реално шоу, би влегол исклучиво поради пари и борба против дискриминација на заболените, да докажам дека кај нас нема нормални туку само непрегледани, а и брате мора да се плаќаат сметки, мада знам дека многу ризикувам, бидејќи би морал да се спуштам на нивото на „лепи“ Мичо и баба Зорка, па би имало кавги на кои бурно би реагирал, би пцуел како ненормален, па како на Фарма би се покажал како што не треба, но за 100.000 евра однапред вреди да се ризикува. Во моментов реалните шоуа ми нудат понуди, но им реков „Господо, може ли тоа да чини 100.000 евра однапред, плус посебен апартман со купатило само за мене и секако да не бидам казнуван ако заспијам преку ден поради терапијата која ја пијам за биполарното пореметување - вели пејачот.

19
loading...

Најчитани вести