Ѓоко Камчев е нов пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието откако беше констатирана оставката на екс лидерот на партијата, Никола Груевски.Камчев е член на ВМРО-ДПМНЕ и доаѓа од Валандово. Роден е на 4.10.1975 и беше пратеник од оваа партија во периодот од 2014-2016 година.

Камчев по професија е Дипломиран политиколог, а завршил на Правниот факултет. Како пратеник од 2014-2016 година бил член на собраниските комисии за надворешна политика и локална самоуправа, како и заменик член на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој веќе бил повикан на консултации во Државната изборна комисија.

3
loading...

Најчитани вести