Стабилна е здравствената состојба на сите 11 лица повредени во вчерашниот пожар во Кисела Вода, но и денеска ќе бидат задржани на Токсикологија за дополнителни испитувања. Седуммина се станари во зградата на улицата “Народни Херои” на возразст од 26 до 74 години, а четворица се пожарникари кои се жалеле на гушење поради густиот чад.

-Во најголем дел пациентите имаат потешкотии со дишењето, гушење, кашлање, кивање, и слични симптоми, информира д-р Наташа Симоновска од Клиниката за токсикологија. 

Полицијата синоќа не дозволила станарите  да се вратат во своите домови заради нивна безбедност. Ноќта ја поминалале кај роднини и пријатели. Денеска истражните органи вршеа увид и ја бараа причината за пожарот кој пеплоса 3, а од чадот и водата оштетени се повеќе станови. Неофицијално меѓу жителите на зградата се зборува дека огнената стихија била предизвикана од  прегреан продолжен кабел во спалната соба  во станот на петтиот кат од каде и почна да се шири пламенот.

Неколку станари утринава биле и на состанок во општината Кисела Вода каде им била ветена помош по 30.000 денари по стан кој претрпел штета.

2
loading...

Најчитани вести