25-годишно момче, кое возело електричен тротинет, почина откако се судри со камион во Париз, изјави портпаролот на полициската префектура за „Еуроњуз“.

Возачот на камионот е во притвор, додадоа тој.

Инцидентот се случил во понеделник околу 10:30 часот по локално време, по што жртвата била однесена во болница. Момчето претрпело срцев удар, а подоцна починал во болницата од здобиените рани.

Париз месецов почна да се бори прoтив електричните тротинети откако стартапите ги преплавија градските улици со нивните возила на две тркала. Според една студија објавена во четвртокот, француската престолнина има 12 оператори и 20.000 електрични тротинети, повеќе дури и од САД.

Градоначалничката на Париз, Ана Хидалго и полицијата сакаат да ја ограничат брзината на возење на 20 километри на час во повеќето области и 8 километри на час во областите со тежок сообраќај, како и да го забранат паркирањето насекаде, освен на одредени простори.

Шведската транспортна агенција ги забрани електричните тротинети од патиштата откако 27-годишно лице загина во сообраќајна несреќа во мај.

18
loading...

Најчитани вести