Со исплата на зголемената социјална помош, почна реализацијата на мерките од новата социјална реформа. Веќе над 25.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход, кој за најголемот дел од нив е зголемен за дури 100 отсто, истакна Катерина Кузмановска, пратеничка на СДСМ.

„За првпат корисниците на гарантираната минимална помош  добиваат детски додаток и додаток за основно образование. Досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образовение е трансформирана  во право на додаток за образование.

Опфатот на деца кои користат образовен и детски додаток се зголемува за околу 20 пати. Наместо 3.200 деца, сега детски додаток користат 73.500 деца, а наместо 3.800 дечиња корисници на образовен додаток, отсега пристап имаат 64.136 деца.

Аплицирањето за новите права од социјалната реформа сè уште трае и очекувано е бројот на семејства опфатени со овие мерки дополнително да се зголеми.

Со новата социјална реформа на Владата и мнозинството предводено од СДСМ правиме целосна преобразба на системот на социјална заштита.

Градиме фер и праведно општество на еднакви можности.

Ја намалуваме сиромаштијата, овозможуваме еднаков старт за секое дете, ги унапредуваме правата на лицата со попреченост и градиме вистински праведно и фер општество“, порача Кузмановска.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести