– Дали сте слушнале за Охридското Езеро? Тоа се наоѓа во Република Македонија и е едно од најголемите и најдлабоките езера, за кое многу луѓе не знаат ништо. Оваа држава е често во сенка на нејзиниот сосед Грција. Едноставноста и ниските цени за патување меѓу двете држави овозможуваат лесен престој во овој дел од Европа. За да ни биде интересно, ние патувавме со деветмесечно бебе користејќи јавен транспорт, наведува во сторијата на новинарот Вилијам Бартон објавена во магазинот Irish Times. 

Во сторијата посветена на Охрид, Бартон вели, оваа балканска убавина нуди неверојатна вредност и убави пејсажи далеку од летните гужви. Во Охрид вели уште, лесно се стигнува, а го опишува како стар град кој постоел за време на Римската империja со многу споменици и стара архитектура. Тоа го покажува и античкиот театар, кој ја пренесува приказната за гладијатopите кои во тоа време се бopеле таму. Добро зачуваната црква, св. Јован лежи над езерото. Во срцето на стариот град се наоѓа базиликата на Св. Софија. Овој храм е изграден во годините 1037-1054. Охрид е познат и по фактот дека во овој град познатите браќа, Кирил и Методиј работеле на создавањето на словенската азбука.

Објаснува дека се потребни околу три часа да се стигне со автобус до Охрид од Скопје. Охридското Езеро им припаѓа на Македонија и Албанија и е многу познато, како за домашните, така и за странските туристи. Авторот ја наведува и својата восхитеност од стариот град на Охрид, кој има многубројни ресторани кои потсетуваат на историјата на Македонија под Отоманско влaдeeње, но и вкусовите на Турција и Средниот Исток. Тој наведува дека Охрид е исто така познат и како Ерусалим на Балканот, а како локации кои задолжително треба да се потсетат се манастирскиот комплекс „Св. Наум“ и планината Галичица. (извор: Инфомакс)

13
loading...

Најчитани вести