Како „лицемерна“ ја оцени премиерот Зоран Заев понудата на опизицискиот лидер да се му се онудат работни групи кои би работеле на реформите до октомври.

На новинарско прашање што мисли за понудата на Христијан Мицкоски, дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да понуди работни групи за да помогне во реформите до октомври, Заев одговори:

Прв пат ова го слушам, ако е така прво што ми доаѓа да кажам – колку лицмерно од негова страна, затоа што нема да има нов извештај во октомври. Што да подготви и како да помогне кога Извештајот е завршен? Сега одлулува Европскиот совер. ЕК донесе безусловна чиста препорака“, рече Заев.

Тој додаде дека во добрата препорака е вградена и опозицијата, зашто со консензус се гласаше во парламентот.

Сепак, ќе кажам, добредојдена е секоја помош, ни требаат сите капацитети за да можеме да продолжиме да ги унапредиме условите за живот во нашата земја“, истакна премиерот.

1
loading...

Најчитани вести