Владиниот поддржувач, гласниот и наклонет Сашо Орданоски е разочаран од „превртиливоста на Германија“ и „изневерените искрени чувства“ на Македонија. Орданоски изгледа заборавил дека политиката не е љубовна врска, па не може да ја постави паралелата врз чисти и искрени чувства – „кучката“ Меркел ја изиграла довербата и искрената љубов на „затресканиот“ Заев, па кутриов ѝ верувал и сѐ ќе сторел за неа, а таа на крајот му го врти грбот и си заминува со друг.

Навистина е жално што Македонија, на општо изненадување, најлошиот надворешно-политички удар, во мошне чувствително време, го добива токму од Германија. Односот помеѓу Заев и Меркел внимателно се градеше преку дипломатски и вондипломатски канали во последните две-три години врз, наводно, обострана доверба во тие релации. И тој однос делуваше охрабрувачки за Заев да се нафати да го одработи и да го постигне Договорот од Преспа. Како што може да се испостави, неразбирливото гледање на балканската геополитика од страна на Германија, сосема ќе ја поништи принципиелната основа врз која се темелеше соработката помеѓу канцеларката и премиерот, но и помеѓу двете земји. Повторно интересите, а не пријателствата, ја движат меѓународната политика.

Повторно интересите, а не пријателствата ја движат меѓународната политика – констатира Орданоски како да е паднат од Марс. Да, интересите ја движат политиката, но не повторно, туку отсекогаш. Дури и кутриот изневерен љубовник за лични интереси ги продаде државните.

Понатаму, во тагата Орданоски оди дотаму што ја доведува во прашање модерната политика ако еден од креаторите на современите политички случувања, железната дама на моќната Германија, си дозволува потези кои ќе предизвикаат предвремени избори во Македонија.

Се осмелувам да прогнозирам дека овој потез на „железната Меркел“ драматично ќе се одрази врз позициите на Германија, но и на Западот, генерално, на Балканот. Ќе ликуваат оние кои отсекогаш тврделе дека не се исплати, под притисок од Западот, да се прават големи внатрешни и надворешни политички компромиси и дека единствениот „од големите“ со кого, всушност, вреди да се прави договор – јавен или таен, сеедно – е Путин. Еден Орбан делува како „морална величина“ од побратим, а Ердоган што ќе ти вети, тоа ти е како Господ да ти ја ставил раката на рамото, пишува тој во колумната „Зар и ти, ќерко, Меркел?!“.


Целата колумна ТУКА.

2

Најчитани вести