Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ, двајцата коментатори на Арена кои со многу емоции ги пренесуваа мечевите на Вардар во Лигата на шампионите одговараа на прашања на порталот Скопје Инфо.

Стивнаа ли импресиите од Скопје? Какви се вашите впечатоци за градот на шампионот Вардар?

Сретен Рашковиќ: Впечатоците сè уште легнуваат, а емоциите не лажат (се смее). Добивме сеќавање за цел живот и нешто што веројатно нема да може да се повтори никому во нашиот круг на спортски коментатори. Ми се чини дена тоа може да се случи само во Скопје и Македонија, бидејќи ракометот е број 1 во вашата држава. Ноќ за паметење, Фајнал Фор за паметење и Вардар за вечна историја.

Стеван Стевановиќ: Што се однесува до импресиите, јас такво нешто досега немам доживеано. Отсекогаш како навивач сум сакал да го доживеам тоа, и го доживеав како спортски коментатор и тоа во туѓа земја – Македонија која е секако братски народ за нас. Нешто поубаво не можеше да се случи за мене.

Која е силната страна на Вардар? Каде лежи тајната на ваквата игра?

Сретен Рашковиќ: Покрај фактот дека секој поединец е квалитетен на свој начин – клучот на ваков Вардар е единството! Тимот и тимската игра е пред сè и пред секого, а мислам дека причините за успех за кријат во системот кој го поставија шпанските тренери (Раул и Парондо), а и некој „црв на инает“ која на екипата и го „всади“ Веселин Вујовиќ. Пред сè, неверојатното заедништво кое подразбира да се знае кој и што прави на терен…

Стеван Стевановиќ: Најсилната страна во Вардар е тоа дека екипата има некоја „хемија“, тоа е вистински тим во кој се знае кој што прави и кој е лидер на теренот (Караџиќ), се знае кој е капитенот… И покрај тоа што немаа финансиски средства, тие гинат еден за друг и последениот атом го оставаат на терен – во тоа лежи нивната сила. И во секој момент кога ќе се погледнат еден со друг знаат кој и што треба да прави на теренот.

Каде се тука навивачите? Колку се тие генијални, луди и инспиративни за вас и за играчите?

Сретен Рашковиќ: Дополнителна сила, извор на енергија и вистински ветер во грбот. Тоа што Вардар го прави голем е и армијата навивачи која е посебна на свој начин – вистинско и големо богатство за Вардар.

Стеван Стевановиќ: Секако дека се многу инспиративни и посебни. Тие носат една прекрасна енергија, тоа се луѓе со големо срце, скромен народ кој живее за спортски успех (за Вардар и Македонија) знае да ги прослави сите успеси на Вардар. Јас сум воодушевен од Македонија и од навивачите на Вардар. Тоа ни помагаше во текот на преносите полесно да ја пренесеме енергијата што се случува на терен. И кога имаш таков спој на коментари и навивачи, едноставно коментаторот мора да биде на такво ниво.

Секој од нас има еден играч кој е фаворит? Кој е Вашиот?

Сретен Рашковиќ: Не би можел да изберам, навистина… Вчудоневиден сум како Стоилов и Карачиќ ја водат екипата, колку Дибиров е феноменален кога треба да се постигне магичен гол, како Скубе е смирен во организација на играта, како Милосављев се вклопи и напреуваше, како Криштопанс експлодираше на крај, мирниот Чупиќ во сите ситуации. Навистина е тешко да се издвои некој во овие моменти. Можеби за неколку години ќе сфатам кој ми бил најдраг.

Стеван Стевановиќ: Ако зборуваме за Вардар оваа сезона посебно позитивно ме изненади Игор Карачиќ. Според тоа што сум слушнал досега за него тој е вистински лидер кој навистина знае да направи добра организација на терен, тука е и Столе Стоилов кој е најдолго во Вардар и тие двајца се поставија како лидери на терен. Нив сите ги слушаат и почитуваат на терен, тие веруваат во успех и тој успех го постигнаа. Тие секогаш имаат свое сценарио, изглегоа на сцена и направија сценарио во своја режија. Тие двајца оставија најдобар впечаток во мене. Многу добро се вклопија и Криштопанс и Милосавлев. Едноставно сè беше сјајно.

Кои се Вашите предвивувања за Вардар? Што е следно?

Сретен Рашковиќ: Тоа многу зависи од финансиската конструкција, но по вакви успеси мислам дека иднината е навистина светла. Затоа што многу повеќе Вардар ќе биде сакан и чуван (се надевам), а и многу повеќе играчи ќе сакаат да го носат црвено – црниот дрес, зарем не?

Стеван Стевановиќ: Што се однесува за предвидувањата за Вардар, мене посебно ми е драго дека државата има слух и за застаме позади еден ваков и тука и ние имавме влијание со петицијата што беше направена за Вардар за зачувување на Вардар како државен првак. Ракометарите на Вардар се најдобри амбасадори на Македонија. Тие што си одат се надевам дека ќе ја пренесат пораката на тие што доаѓаат, а новите брзо ќе ја сфатат филозофијата на клубот што носи среќа за народот во Македонија.

Се надевам дека Вардар ќе биде конкурентен во ЛШ и наредната сезона за најголем пласман.

Нова сезона и нови предивици, ќе пиеме ли повторно следната година шампионско кафе во Скопје за уште една титула на Вардар?

Сретен Рашковиќ: Сè е можно, зошто да не и нова титула? Можеби пореаелно е да има една година пауза, па потоа пак спектакл во режија на Вардар…

Стеван Стевановиќ: Искрено и оваа година не бев оптимист дека Вардар ќе освои титула, исто така не сум оптимист и за следната сезона. Веќе неколку клубови се екипираат за „напад“ во следнава сезона – Пик Сегед ќе биде во трка за трофејот, Парис Сенжермен и Кил се враќа за титула, исто така и Киелце со Караџиќ. Оваа сезона што доаѓа ќе биде навистина тешка и пласман на Вардар со нови луѓе е навистина тешка работа. Тоа ќе биде нова екипа и нови луѓе и навистина е тешко да се превиди. Ќе видиме што ќе се случува.

1
loading...

Најчитани вести