Ѓоко Камчев од Валандово ќе го наследи поранешниот македонски премиер Никола Груевски на неговото пратеничко место во Собранието. Поранешниот пратеник од претходниот состав периодот од 2014 до 2016 е следен на изборната листа во гласачкиот реон 4.

Тој веќе бил повикан на консултации во Државната изборна комисија.

Спикерот Талат Џафери решил да ја почитува праксата и како во изминатите шест случаи од овој мандат, да ја констатира и оставката на Груевски без негово присуство на седницата.

До пред стартот на седницата постоеше дилема дали оставката на Груевски од Унгарија, откако беше преведена, треба да се констатира или пак да се гласа за заклучокот за одземање на мандатот поради шестмесечно неоправдано отсуство на комиисјата за мандатно имунитетни и деловнички прашања.

1

Најчитани вести