На заедничката прес конференција со чешкиот премиер, Андреј Бабиш, одржана во владата на Северна Македонија, македонскиот премиер, Зоран Заев истакна дека нашата земја не бара веднаш да стане членка на Европската унија, туку бараме да продолжи мотивацијата од ЕУ, преку овозможување на почеток на пристапните преговори.

Заев се заблагодари на поддршката од Чешка и како што рече, радува фактот што оваа земја најавува инвестиции во Македонија.

„Ова е значајна посета на нашите големи пријатели на нашата држава. Посетата е во вистински момент кога Република Северна Македонија ги развива пријателствата со нашите партнери од меѓународната заедница. Европската комисија во овогодишниот извештај даде кристално јасна препорака за отпочнување преговори и дека нашата земја е блескав пример за целиот регион. Определувањето датум за почеток на преговороите не значи награда за нашата држава. Сето тоа ќе значи нова енергија. Ние како држава испорачавме се што се бараше од нас, сега е на ред ЕУ.

Се надевам дека освен поддршката, за брзо ќе биде ратификуван и договорот преку одлуките на чешкиот Парламент. Јасно е дека Северна Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО. На пат сме да ја направиме оваа година економска. Странските инвестиции ги дадоа првите резултати и драго ми е што има најави за чешки инвестиции. Ова покажува дека постои огромен простор помеѓу нас“, истакна премиерот Заев.

„Ние не бараме да бидеме веднаш членка на ЕУ. Сакаме да продолжи поддршката кон членство во ЕУ. Ние сме пример за билатерални односи со сите наши соседи. Кога ќе биде подготвена Унијата, кога ќе бидеме подготвени ние, тогаш и ќе станеме членка на Унијата“, рече Заев.

 

1
loading...

Најчитани вести