Собраниието на Северна Макекедонија ја констатираше оставката на Никола Груевски, која до парламентот беше доставена на 5 јуни. Предлогот за одземање на мандатот е беспредметен и се повлекува.

Претходно и пратеникот Павле Богоевски до собраниските служби ја достави оставката, која ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања.

За Богоевски, кој е претседател на Комисијата, беше објавен компромитирачки телефонски разговор, за што од опозицијата беше обвинет дека го крши етичкиот кодекс и е недостоен за вршење на пратеничката функција. Независниот пратеник, кој е дел од пратеничката група на СДСМ, по ова најави дека ќе поднесе оставка која што денеска беше доставена

4

Најчитани вести