Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 23 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 21 возач од кои: 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 13 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, шест поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден поради неправилно престигнување, тројца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 15 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 26 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 73 мандатни платни налози и 47 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 10 лица поминале со телесни повреди.

1
loading...

Најчитани вести