Ќерката на пратеникот Сашо Василевски, Олга Василевска (26), вработена во А.Д Железници на Македонија-Транспорт во време кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, А.Д кое е во државна сопственост, деновиве била унапредена во раководител на правен сектор со плата од околу 55.000 денари.

Основната дејност на Македонските железници Транспорт АД- Скопје е превозот на стока и патници. Во моментов вработени се околу 1296 вработени.

Пратеникот Сашо Василевски е познат во јавноста како дел 8-те одметнати пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за промена на уставното име Република Македонија во Северна Македонија. Сашо Василевски беше обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок во врска собраниските настани од 27 април каде заедно со Крсто Мукоски ги отворија вратите за да влезе толпата во парламентот.

Премиерот Заев свовремено изјави дека токму со Законот за амнестија власта обезбедила двотретинско мнозинство.

Во процесот на гласањето на Преспанскиот договор во македонскиот парламент, Сашо Василевски и другите 7 пратеници се испазарија со премиерот Зоран Заев да гласаат за преименување на државата во Северна Македонија во замена за нивна амнестија што и се случи. Ваквиот потег на 8-те пратеници беше силно осуден од јавноста, поради тоа што другите обвинети за собраниските настани од 27 април добија високи затворски казни.

Јавноста се прашува дали унапредувањето на Олга Василевска е поради тоа што била најдобриот кандидат или тоа е дел од договорот на нејзиниот татко со актуелната власт за неговото гласање за Преспанскиот договор или евентуално гласање за новиот Закон за СЈО?

Сашо Василевски сега делува како независен пратеник. Роден е во Охрид и е доктор, специјалист.

1
loading...

Најчитани вести