Хрватска на граничниот премин Маљевац кон Босна и Херцеговина постави висока метална заштитна ограда, со намера да ги спречи мигрантите илегално да влезат во земјата.

Од граничната полиција на БиХ велат дека хрватското Министерство за внатрешни работи ги известиле дека ќе има краткотраен прекин на сообраќајот, поради поставување на оградата.

Голем број мигранти кои престојуваат на подрачјето на Унско-санскиот кантон, кај Велика Кладуша, веќе неколку пати се обидоа да поминат преку граничниот премин Маљевац, со цел да влезат на просторот на Европската унија.

извор: Makfax

86
loading...

Најчитани вести