По редовниот партиски состанок на централното раководство, одржан во Тетово, лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села порача дека не треба да има заштитени мечки, одговарајќи на новинарско прашање во врска со апсењето на функционер на ДУИ.

- Се надевам дека нема да престане само со ова и мислам дека нема да се случи феноменот од третиот и четвртиот ешалон функционери на ДУИ да одговораат, туку одговорноста треба да почне да се бара и од членовите на Владата и идните денови ќе гледаме вакви случаи и сите што имаат проблем со законот ќе одговараат, изјави Села.

Што се однесува до најновите аудио бомби кои се појавија на фејсбук, првиот човек на Алијанса за Албанците со став.

- Во време на политичката криза сегашниот премиер, а тогаш лидер на опозицијата излезе со факти од прислушувањето каде јасно се гледа каде местеа судии. Ист случај има со новите бомби да видиме колку длабоко ДУИ е влезена во местење судии и обинители, и колку тој судски систем е заложник на Али Ахмети и ДУИ како партија, вели Села.

1
loading...

Најчитани вести