Тешка сообраќајна несреќа во која учествувале неколку возила се случила попладнево околу 16 часот на автопатот Мајка Тереза, во близина на селото Буковиќ. Според засега неофицијални информации, тешко повредени се две лица, а уште двaјца се стекнале со тешки телесни повреди.

Засега не е познато како дошло до несреќата на автопатот Скопје – Тетово. Според информациите на „Макфакс“ вонредно биле повикани доктори во Клиничкиот центар во Скопје за да им помогнат на тешко повредените во сообраќајната несреќа.

Од МВР изјавија дека ќе излезат со дополнителни информации за несреќата.

извор: Makfax

205
loading...

Најчитани вести