Топлото време и потрагата по храна ги натера змиите да излезат од скривалиштата. Тие денеска се појавија во дворовите во населбата Бардовци.

Откако драстично се стопли времето појавата на змии низ Скопје стана зачестена. Минатата година во исто време имаше наезда од змии во Центар, Ѓорче Петров…

Познавачите на влекачи велат дека нормално е кога змиите се будат од зимски сон во потрага по храна да се симнат и во градот, особено во периферните делови на градот.

Од 15 март до 15 октомври на змиите им е процес на хранење и парење. Од април до јуни им е парењето. Ова е нивно нормално однесување, не се поагресивни. Од 16 видови змии кај нас само пет се отровни, а од нив само поскокот е директна закана и може да доведе до смртни последици и веднаш треба да се побара помош. Смоковите, кои најчесто ги има низ градот, се безопасни, велат херпетолозите.

Се препорачува доколку граѓаните видат змија во широк круг да ја заобиколат и да не ја фаќаат. Дворовите да им бидат искосени, шутот да е отстранет. Во природа да се носат соодветни затворени чевли и долги панталони, да се гледа каде се седнува и каде се ставаат рацете. За разлика од смоковите, поскокот има рокче на главата по кој може граѓаните да го распознаваат.

Извор: Република

1
loading...

Најчитани вести