Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва е гостин во емисијата „Топ Тема” на Телма телевизија.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не е против пописот, туку е против начинот на кој што тој се планира да се спроведи.

Нормално е да се спроведуваат статистички операции, рече Мицкоски, но без учество на опозиција во Собранието е спротивно на европските европски.

– Ова наликува на политичка трговија, по принципот на зелените пазари. – кажа тој.

Кога се прави сериозна статистичка операција логично е сите политички чинители, вклучувајќи ја и опозицијата, да бидат поканети.

Според избраната методологија, на брза трака да се протурка, ќе се попишуваат сите кои што имаат матичен број во државата и не значи дека живеат тука и дека се живи.

Мицкоски изрази загриженост дека премиерот Зоран Заев ја води државата повторно во апокалиптично сценарио.

Лидерот на опозицијата нагласи дека се знае како се попишуваат резиденти, а како дијаспора.

Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „Топ Тема” на Телма телевизија, кажа дека неговата партија не била информирана од претходно дека СДСМ и ДУИ планираат да го менуваат Изборниот законик во делот за промена на изборниот модел.

Мицкоски кажа дека има информации дека Зоран Заев се сретнал со одредени лица во Тетово помеѓу двата изборни кругови се со цел да договори редефинирање на државата, односно прекројување на политичкиот систем во Македонија, па најверојатно идејата за промена на изборниот модел е никата на таа средба.

Лидерот кажа дека ќе понудат решение што ќе одговара на сите граѓани, а не на политичките партии, а предлогот ќе го достават до јавноста во наредниот период, откако ќе се анализираат сите опции.

2

Најчитани вести