Од полноќ за три денари од литар поевтинуваат бензините, додека дизелот за 2,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 66,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 ден/лит. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 60 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 49,50 ден/лит.

Цената на мазутот се намалува за 1,267 ден/кг така што неговата малопродажна цена ќе изнесува 33,851 ден/кг.

Со оваа најнова одлука, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,18 проценти.

извор: Makfax

3
loading...

Најчитани вести