Неверојатна и тажна приказна за тоа како еден наш мал хотелиер бил притиснат да „поддржи“ еден наш познат медиум, но поради сплет на околности кои можеле да завршат и трагично, човекот сепак се спасил од рекетарската багра, пишува Бранко Героски во денешната колумна објавена на Плус инфо.

Играта ја водат неколку луѓе кои ја користат својата блискост со битни фаци од политичкиот естаблишмент и така стануваат недопирливи уценувачи и рекетари, пишува најавата на настанот што го пренесува Героски.

На покана на газда Мики, на масата седи и едно повозрасно човече, сопственик на мал, помалку познат хотел во градот. Во духот на нашата традиција, би било згодно човечето да се нарече Трпе или Трајче. Имено, тоа е едно многубројните човечиња чија судбина е да трпат и да траат. Ете, ќе го викаме Трпе. Повикан е во друштвото со намера да истрпи еден тежок удар, што ќе му се случи брзо по воведните бош муабети, што вообичаено се водат додека се дојде до главната тема.

Газда Мики не губи многу време и на колегата Трпе, со кого се познаваат долги години, му вели:

– Види, Трпе. Ти знаеш дека пред нас е изборна година и дека ни е потребна силна медиумска поддршка. Со нас тука е газдата на еден наш медиум што треба заедно да го поддржиме. Добро би било и ти со него да склучиш еден годишен договор за рекламирање, бидејќи знаеш како е, медиумите денес се скап спорт. А овој медиум е наш. Утре и тебе може да ти се најде на зломака, ако ме разбираш што сакам да кажам…

Трпе слуша внимателно, ги гледа луѓето на масата под око и сфаќа колку е саатот. Со овие нема шега, си вели, овие се власт, а не е паметно власта да се има на врат. Да, ако се врати режимот, навистина сите ќе изгориме, но од Трпе се бара да изгори сега, веднаш, за „каузата“.

Ја допива тој ракијата на екс и вели:

– Добро Мики, те разбирам. Ако треба да се помогне, ќе се помогне. Ти знаеш дека мојот бизнис е помал од твојот, но ете, можам и јас да дадам едно четири до пет илјади евра годишно. И новинарите треба од нешто да живеат, јасно…

Одеднаш, напрасно, на масата се развлекува едно остро и пискаво – штоооооо?!!!

Тоа е газда Коки, сопственикот на медиумот што треба да се поддржи. Целиот е зацрвенет од бес.

– Што е ова, Мики, вие со мене ли ќе се заебавате?! Јас за годишен договор не разговарам за сума под двесте илјади евра! – вреска Коки и повторно треснува со тупаница на масата.


Целиот текст ТУКА.

1

Најчитани вести