Српската пејачка никако да пронајде среќа во љубовта.

Станува збор за пејачката Гога Секулиќ која овие денови е топ тема во сите медиуми откако како гром од ведро небо одекна веста дека се разведува од сопругот Урош.

 

 

Доказ дека оваа вест е вистинита се социјалните мрежи каде таа го нема за пријател нејзиниот сопруг и татко на нивното прво дете.

 

Пејачката во една телевизиска емисија во Србија изјави дека вистина е дека го отследила сопругот од нејзини приватни причини, а дали тој ја отследил неа се уште не знае.

-Неговата кариера е во Цирих, поточно во Европа и Америка, а мојата е поврзана со Белград. Нормално дека мајката и бебето ќе бидат заедно. Што народот зборува, нека зборува. Немам намера да се разведам, а останатото не сакам да го коментирам. Можеби сум го отследила од Инстаграм за да видам како е кога го немате сопругот за пријател, вели Секулиќ.

 

Таа додава дека ужива со своето бебе кое се роди пред само неколку месеци.

1

Најчитани вести