Гледам да не снимаат, не дај боже има и такви луѓе. Не се сомневам, ама има и такви, вели вработена во суд додека зема поткуп за да договори пресуда, објави „Досие.мк“.

Порталот објави видео на кое се гледа вработена во Основен суд во Скопје како договара и зема поткуп за да договори пресуда. Се работи за вработена во оддел за стопански спорови.

Вработената од семејство на осуден за разбојништво побарала и добила 6.500 евра за наводно да договори пресудата во Апелациониот суд да падне односно да биде укината. Семејството се согласило и и дале пари кои таа ги ставила во џеб, а пресудата поради грешки во постапката била укината и вратена на повторно судење.

Осомничената која ја има на видеото и самата погледнува дали некој ја снима. Видеото не застанува тука има и дел каде таа споменува имиња на судии кои одлучувале по предметот но според странките никогаш ниту побарале ниту зеле пари ниту имаат некаква конекција со осмомничената. Според извори од скопските судови и друг пат била замешана во слични нелегални активности.

Случајот ќе биде пријавен во полиција и обвинителство. Неофицијално во судот се зборува дека полицијата веќе разговарала со осомничената, но засега подетални информации нема.

1

Најчитани вести