Последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство 2020 година, репрезентацијата на Македонија ги игра против Турција на гости и Грција на домашен терен.

Нашите репрезентативци најпрво на 13.06. ќе се соочат со турската репрезентација, а веќе на 16 јуни ќе играат против Грција.

Токму натпреварот против Грците предизвика лавина реакции, откако одлуката падна наместо во Скопје во салата “Борис Трајковски, натпреварот да се одигра во Струмица.

Љубителите на ракометот коментираат дека ова е невкусна одлука и дека наместо во присуство на над 5.000 гледачи во Скопје, Македонија ќе мора да игра пред 1.500 во Струмица.

Со победа на овие два натпревари, Македонија ќе го забетонира првото место во групата и ќе стартува од повисок шешир на наредните квалификации.

– Ние за инает ќе покренеме иницијатива да организираме превоз за сите заинтересирани. Ќе ја поплавиме Струмица! Борбата само што започна! Никогаш северна, само Македонија, гласи реакцијата на Млади за Македонија на Фејсбук.

Има и други реакции на оваа одлука:

– Наместо против Грција да играме во Скопје во Арената Борис Трајковски во присуство на над 5.000 навивачи или можеби да организираме спектакал на Градски стадион пред повеќе од 50.000 гледачи, ние одиме во Струмица каде капацитетот на салата Парк е околу 1.500 гледачи. Срамота! - гласи коментарот Драган Дачо Ѓурчевски на Фејсбук.

1

Најчитани вести