Македонската ракометна репрезентација ја чекаат два квалификациски меча за крај против Турција и Грција, а на еден од нив, селекторот Данило Брестовавц ќе може да смета на пивотот Столе Стоилов.

Стоилов го мачи повреда на менискусот одредено време, но ќе стисне заби и ќе игра на дуелот против Турција на гостински терен. Потоа, ќе легне „под нож“, ќе оди на операција и нема да може да игра на дуелот против Грција во Струмица.

Македонија гостува во Турција на 12 јуни, а четири дена подоцна го игра дома последниот меч. Со две победи, нашиот национален тим ќе оди на ЕП 2020 како лидер во групата и ќе има привилегија во ждрепката за наредниот континентален собир.

гол.мк

9

Најчитани вести