Младиот српски голман Дејан Милосављев, еден од најзаслужните за втората европска титула на Вардар, со емотивна објава се збогува со Вардар. Српскиот голман кариерата ќе ја продолжи во германски Фуксе Берлин.

Зад мене е година која тешко може да се опише во еден од најголемите клубови во светот. Ти благодарам, Вардаре, ќе те носам во срцето. Благодарност до совршената екипа која даде толку многу за да ме направи да бидам тоа што сум. Им благодарам на луѓето кои направија се за да се чувствувам убаво и да сум дел од вас! Шампиони на Македонија! Суперкуп на Македонија! Сеха лига ЕХФ Лига на шампиони. Сонував со отворени очи и ви ја посакувам сета среќа на светот, напиша Милосављев.

3

Најчитани вести