Цените на становите ќе растат, иако  има над 5.000 новоизградени кои не се  продадени. Според Градежните компании  поскапувањето е поради зголемени трошоци во работењето.

Цените на градежните услуги биле  поскапени за 15 отсто во споредба со лани, а поради немањето на  кадар за работа, градежните фирми мораат да ги зголемат платите за да ги задржат работнците. Сите овие трошоци влијаат на крајната цена.

Градежниците очекуваат во следниот период општините да ги донесат деталните урбанистички планови и да се симне мораториумот за градба во општините Центар и Карпош. Сметаат дека треба да се гради и градот да се развива , но тоа да биде плански и да нема последици.

Цената за метар квадратен на становите се движи од 1.000 до 1.200 евра во зависност од локацијата, но и од квалитетот на градбата. Најскапи се во Аеродром, Карпош и Центар. Според последните податоци на агенцијата за катастар во моментов се градат уште 11 илјади нови станови.

Недвижноста што повеќето од нас ја имаме, автоматски ни се зголемува вредноста, ако во минатото сме ја купиле за одредена вредност од 1.000 евра, а сега во моментов достигнува 1.200 евра, значи секој добива, никој не губи. Не треба да се дава акцент зошто поскапуваат станови, напротив треба да поскапуваат се со цел да се зголеми и животниот стандард и да се зголемат платите, вели Претседателот на Градежната комора, Ивица Јаќимовски.

Градежниците се жалат и на проблеми  при спроведувањето  на јавните набавки. Велат дека е потробно да се обучи  администрација  за да може да има подобрување во овој сегмент.

1
loading...

Најчитани вести