Албанецот Спарта Мажу пред две години решил да оди на операција за намалување на желудникот во Тирана, но се се завршило кобно. Го оперирале двајца албански доктори и еден Грк. Во почекток се чинело дека се добро поминало, но кога излегол од болница состојбата му се влошила. 

цели 17 дена лежел во болница, па починал. Родителите решиле неговото тело да го испратат во Грција на аутопсија. Таму било забележано дека му недостасуваат мозокот, срцето и делови од стомакот.

Институтот за форензичка медицина соопштил дека заради ова нема да можат да ја утврдат вистинската причина за смртта. 

Кога родителите случајот го дале на суд обвинителот Петрит Хиса ги отфрлил обвинувањата, меѓутоа по жалбата Вишиот суд наредил истрагата да продолжи. 

Постои сомнеж дека момчето умрело заради лошо зашиена рана по операцијата, која била направена на приватна клиника во Тирана.

 

1

Најчитани вести