Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски е гостин во емисијата Клик Плус. Кој направи споредба како ВМРО-ДПМНЕ се однесува државнички кога е во опозиција, а како СДСМ кога е во опозиција ја кодоши Македонија и се измислуваат лаги.

ВМРО-ДПМНЕ во Брисел зборува дека Македонија треба да започне преговори со ЕУ, и не е фер да ги казнуваме македонските граѓани заради неспособноста на Заев. Нашиот клучен аргумент е дека не е во ред македоснките граѓани да бидат казнети зошто имаме неспособна Влада. Но за жал аргументот што го добиваме од другата страна е велат па тие граѓани ја избрале оваа влада, и таа Влада треба да испорача, а оваа Влада не испорачува. После тоа што ќе ни го кажат е тешко да зборуваме и единствено нешто што ни останува да кажеме е дек апосле промената на оваа Влада, ние сме спремни со еден голем и добро организиран експертски тим, да ги надополниме изгубените години. Две години после капитулантскиот и срамен Преспански договор, со таква капитулантска промена на име, да не можете да почнете преговори , не зборувам членство, тоа говори колку не ве бива, рече Николоски.

1

Најчитани вести