Експедиција на владата во Непал отстрани 11 тони отпад од Монт Еверест, но и четири тела, изјавија официјални лица од земјата.

Официјален претставник на непалското Министерство за туризам, Дандураи Гимира, рече дека чистачите на падините на Еверест со недели собирале конзерви, шишиња и празни боци за кислород, објави АП.

Се вели дека има уште отпад на највисокиот врв, но и дека досегашната мисија на чистење е успешна.

Дел од отпадот е однесен во Катманду, каде што ќе се рециклира.

Според американската агенција, Монт Еверест во текот на пролетта ќе го посетат стотици планинари, нивни водичи и носачи.

извор: Makfax

7

Најчитани вести