Политикo пишува за изборите за Европскиот парламент оваа година, наведувајќи  12-те имиња на политичари за кои верува дека ги уништија овогодинешните избори.

Низок одзив на гласачите, комплициран и неразбирлив систем, слаба врска помеѓу гласачите и понудата за избор, пратениците кои се во можност да знаат дека ќе бидат повторно избрани а да не мрднат ни со со прст, пишува Политикo.

ЕУ потроши десетици милиони евра во обид да ги убеди луѓето да гласаат, но не направи ништо за да им помогне на милиони луѓе кои имаат проблем со видот или инвалидитет и кои се немаат допир со промотивните материјали и простап до избирачките места.

Во анализата се истакнува листи на 12 познати политички лица кои беа најодговорни за оваа ситуација каде едно од првите е поранешниот германски канцелар Хелмут Кол за кого Политико потсетува дека е клучен за обединета Германија по 40 години по Студената војна и започна серија на настани кои доведоа до создавање на единствена валута на ЕУ, а подоцна и ширењето на ЕУ на исток.

"Тоа беше добра геополитика, но катастрофа за слободуата на европските избори, учеството на гласачите оттогаш е се помало и сега е на критично ниво. Во земјите кои се стари членки на ЕУ, од 2004 година, одзивот е во просек само 29 отсто. Во Во меѓувреме, фискалните ограничувања на еврото им дадоа на евроскептичките сили причина за обединување ", пишува Политико.

На списокот е и една активистка - Симон Веил, која беше првиот претседател директно избран Европскиот парламент, која се смета за еден од виновниците за уништување на ЕП, бидејќи во споредба со неа сите други се последица на тоа лошо светло, оценува Политико.

Сајтот Политико дека поранешниот еврокомесар Нели Крос има изградено реноме во борбата против монополи и ја презема водечката улога од САД во борба за политиката на конкуренцијата, но нејзиниот успех ја откри и суштината на ЕУ - дека вистинската моќ не е во Европскиот парламент, ниту кај избирачите кои бираат пратеници, туку во рацете на европскиот комесар за конкурентност на пазарот.

Политико тврди дека Манфред Вебер, еден од водечките кандидати за претседател на Европската комисија, настапи под мотото "Моќтата на Вебер", а во 2018 година одигра водечка улога во обидот во Европскиот парламент да се создадат  "транснационални листи" што вклучува редистрибуција на пратеничките места на Велика Британија по Брегзит и нејзиното излегување од ЕУ што им овозможи на кандидатите да се натпреваруваат за поддршка на целиот континент, а не само во нивните земји.

Кога дојде време неговата моќна, победничка Европската народна партија да избира кандидатите за претседател на Комисијата, Вебер избегнува дебата, не присуствуваше на на првата меѓупартиски дебата во Маастрихт, наведува Политико.

Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг е исто така на листата на лица кои го уништија изборите со тоа што дозволува да со дезинформации да се шират порако на неговата социјална мрежа и таквиот Фејсбук да стане главно оружје во борбата за гласови.

На шестото место е европскиот комесар за правда, неговата активност околу заштита на потрошувачките права и родовата еднаквост - Вера Јурова што не презема ништо нејзината политика да биде активна, влијателна и да даде свој удел во гласањето.

Причината за ова се наведува во фактот доби таа пари, но не ги ефектуираше за регионалните субвенции за реновирање на гласачките места за да ги направат достапни за лицата со посебни потреби, ниту пак да се обезбедат материјали за кампања со Брајово писмо за слепите лица.

Поранешниот белгиски премиер Елио ди Рупо промаши со изборите во Белгија, тој е одговорен за реформа која го промени белгискиот изборен систем со негово поврзување на европските избори со националните избори, што значеше дека политичката дебата на Европа беше потисната од локални приоритети.

Холандскиот премиер Марк Руте се најде на осмото место, бидејќи, според Политико, создаваше јавност и популарност на стравувањата дека десницата ќе победи и ќе се обедини во мнозинска група во Европскиот парламент што влијаеше на секптичноста на либералите и социјалистите дека имаат шанси тие да победат.

За изборите за Европскиот парламент тој зборуваше дека имаат мала вредност, бидејќи на нив гласаат малку луѓе.

Данскиот пратеник Мортен Месершмит кој во 2014 година беше избран со најголем број на гласови, во меѓувреме, стана синоним за скандалот во врска со злоупотребата на околу 400.000 евра на даночните обврзници.

Десетото место е за британскиот премиер Тереза ​​Меј, која има создадено голем број дополнителна бирократија за оваа година во ЕУ, делегираше луѓе во Брисел и најавуваше во исто време напуштање на ЕУ. Поради тоа, беше неопходно да се додадат најмалку 15 милиони луѓе на избирачките списоци.

Германската канцеларка Ангела Меркел е исто така на листата виновни, бидејќи таа не беше активна за време на изборната кампања. Меркел го подджа Германецот Манфред Вебер за иден претседател на Европската Комисија без дискусија иако тој е најслаб кандидат за тоа место од сите претходни.

Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, се појави на листата виновни за лошите избори за Европскиот парламент, соочен со падот на сопствениот рејтинг во Франција не се ни потруди да ги афирмира европските вредности пред своите гласачи.

6,339

Најчитани вести