Пет години, две влади, стотици милиони евра и низа нелогичности. Автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип, уште официјално не пуштен во употреба. Закажаа, па откажаа пуштање во употреба. Прво беше безбеден, па одеднаш стана небезбеден.

Од едната страна на автопатот се наоѓа населениот дел од Сушица, а од другата жителите имаат ниви, полиња, викендици. За да стигнат од едната до другата страна, засега имаат само еден пролаз, но засега сите сливници се усмерени токму во овој премин и продолжуваат кон селото.

Надлежните велат дека ова не е единствениот проблем. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта вели нотирале повеќе од десетина вакви пропусти, кои претходно не биле опфатени во проектот за автопатот. Затоа распишале нов тендер, со кој тврди ќе ги решат сите аномалии. Локалните жители пак, такви ветувања слушнале  одамна и алармираат дека неопходна е итна акција.

Китанов тврди дека Сушица ќе им биде прв приоритет, а дополнителните зафати, вели нема да го одложат отворањето на автопатот, кој неколкупати неуспешно беше пуштан во употреба. 

798

Најчитани вести